HomeАктуелноНевремето предизвика и прекин на работата на собранието – Прекин на електричната енергија на делови од Скопје

Невремето предизвика и прекин на работата на собранието – Прекин на електричната енергија на делови од Скопје

Невремето во Скопје предизвика прекин на електричната енергија во Собранието, дадена пауза на собраниската седница за избор на новата влада.

Пратениците попладнево ја продолжија расправата за новата влада, која треба да биде избрана најдоцна до полноќ, но седницата беше прекината поради прекин со напојување со електрична енергија поради невремето во Скопје. Од Собранието велат дека седницата ќе продолжи откако ќе се надминат техничките проблеми предизвикани од невремето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Делови од Скопје вечерва се зафатени од невреме проследено со дожд и грмотевици. Претходно невреме го зафати и Тетово и околината.

Седницата за избор на новата Влада треба да заврши до полноќ. Од шеесетина говорници, според информациите од Собранието, за збор се останати седдумина пратеници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.