Невремето од дожд и ветер што попладнево го зафати Неготинско, однесе повеќе покриви од куќи во Неготино, а паднати дрвја го блокираа патот Дуброво-Војшанци. Ова го потврди за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
-Точно е, според првичните информации, без покрив останаа неколку куќи во населбата Саат кула и неколку во селото Тимјаник. Неготинските пожарникари и комунални работници, заедно со кавадаречки пожарникари кои ќе дојдат на помош, ќе ги сечат паднатите дрвја на неколку локации во општината, појасни Стојанов.
![]()
Тој рече дека заедно со претставници на стручни служби е на терен и се врши увид на местото.
