HomeАктуелноНевреме во Србија: Дете загина во Нови Сад, најпогодена Војводина

Невреме во Србија: Дете загина во Нови Сад, најпогодена Војводина

Силен дожд пропратен со грмежи и силен  ветер ја зафати вчеравечер Србија. Најпогодена е Војводина, каде ветерот соборуваше дрвја, причинувајќи материјална штета. Одделот за итна помош спаси пет лица, една жена е повредена, а десетгодишно дете загина во Нови Сад од струен удар или гром, јави дописникот на МИА од Белград.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради невремето без струја се делови од Нови Сад, Бачка Паланка, Темерин, Жабља, Футог, Зрењанин. Невремето го погоди и Сомбор и Суботица кои исто така имаа прекини на електричната енергија.

Припадниците на Одделението за вонредни состојби на МВР вечерва спасија пет лица, од кои две деца. Меѓу нив е вработена во трафика во Нови Сад врз која падна дрво од невремето, а пожарникарите-спасувачи од Нови Сад спасија уште четири лица, меѓу кои и две деца од такси, кое беше погодено од дрво.

Во Нови Сад, од невремто „одлета“ дел од покривот на Новосадски саем, а соборен е и кран на градилиштето во Детелинара, при што беа оштетени соседните згради.

И во Белград имаше пороен дожд со грмежи и силен ветер. Аеродромот Никола Тесла беше привремено затворен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.