Само еден инспектор ќе го контролира Охридското Езерото.
Охридското езеро остана со само еден инспектор кој треба да врши контрола на пловилата.
Од Капетанија на пристаништата велат дека повеќе од неопходно е да се ангажираат уште двајца инспектори кои ќе патролираат на целиот брег за во екот на сезоната да не дојде до хаос во водниот сообраќај. Бројот на пловила од година во година расте а со тоа се зголемува и обем на работа.
