HomeАктуелноНепрооден за камиони поради наноси од снег – Еве каква е состојбата  Кратово – Пробиштип

Непрооден за камиони поради наноси од снег – Еве каква е состојбата  Кратово – Пробиштип

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Од 07:00 часот патниот правец Кратово – Пробиштип е во прекин за сообраќај на тешки моторни возила, поради наноси од снег.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот кон Пониква се одвива непречено по една коловозна лента, исто така и кон с. Бели, а од страна на граѓаните кои протестираат е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.