HomeАктуелноНесреќа ја потресе Македонија, едно лице го загуби животот

Несреќа ја потресе Македонија, едно лице го загуби животот

Осумдесет и тригодишен пешак од селото Батинци, скопско загина во сообраќајна несреќа, по удар на автомобил.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Несреќата се случила на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со улицата „1“ во селото Батинци. Починатиот е маж со иницијали Ф.И., а автомобилот со кој бил удрен го управувал 33-годишник од селото Цветово (А.С.), објави полицијата.

Пешакот загинал од здобиените повреди, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот.

Извршен е увид на местото на настанот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.