HomeАктуелноНЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Се менува саатот – еве кога ќе спиеме еден час помалку

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Се менува саатот – еве кога ќе спиеме еден час помалку

Граѓаните повторно ќе ги местат стрелките на часовникот. Летното сметање на времето започнува во недела, на 29 март 2026 година, кога во 02:00 часот стрелките ќе се поместат еден час нанапред – на 03:00. Тоа значи дека ќе спиеме еден час пократко, но денот ќе биде подолг.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Промената на времето се спроведува согласно европската пракса, а Северна Македонија ја следи оваа регулатива и покрај тоа што во изминатите години се најавуваше можност за укинување на сезонското поместување на часовникот во рамки на Европска Унија.

Експертите советуваат постепено прилагодување неколку дена претходно – порано легнување и ограничување на користење електронски уреди навечер, со цел телото полесно да се адаптира на новиот ритам.

Следната промена ќе биде во октомври, кога повторно ќе се вратиме на зимско сметање на времето и ќе добиеме еден час повеќе сон.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.