HomeАктуелноНиза инциденти во Охрид: Апсења за насилство и возачи под дејство на алкохол

Низа инциденти во Охрид: Апсења за насилство и возачи под дејство на алкохол

Во последните два дена, полицијата во Охрид презеде низа мерки поради серија насилни и сообраќајни прекршоци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 15.03.2026 година, околу 21:00 часот на улица „Партизанска“, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Г.(49) од Република Србија, по претходна пријава дека физички ја нападнал сопругата во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, на улица „Абас Емин“, лишени од слобода беа двајца охриѓани: Ј.Д.(32), кој физички нападнал малолетник, и А.Ц.(25), која нападнала друг малолетник. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случаите.

Во сообраќајни инциденти, на 15.03.2026 на магистралниот пат Подмоље-Охрид се случи сообраќајна несреќа помеѓу возилата „Алфа“ и „Ауди“. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во „Алфа“ – Н.К., додека двајцата возачи и друг сопатник се здобиле со полесни повреди и се прегледани во болницата „Св.Еразмо“.

На 16.03.2026, на булеварите „АСНОМ“ и „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници лишија од слобода Н.Џ.(38) од село Пештани, по извршено алкотестирање при што му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, кај месноста „Мороишки мост“ на регионалниот пат Струга-Враништа, лишен од слобода е А.Х.(40) од село Лабуништа. При контрола се утврди дека немал положен возачки испит и имал 1,64 промили алкохол во крвта. Возилото му било одземено, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.