HomeАктуелноНикола Груевски славеше именден, се обрати и на социјалните мрежи!

Никола Груевски славеше именден, се обрати и на социјалните мрежи!

Денес примив огромен број честитки за празникот Свети Никола, мој именден, преку разни канали на комуникација. Со оглед на неможноста за кратко време физички да постигнам да одговорам на сите, ја користам ова прилика да се заблагодарам на сите оние кои со добра мисла и со искрена желба ми упатија честитки и да им посакам добро здравје, љубов, сила и трпение. Свети Никола не е само светец – тој е симбол на несебичноста и храброста да се застане зад своите убедувања. Истите вредности што нѐ водеа кога заедно ја издигнавме Македонија, градејќи патишта, болници, училишта – споменици на нашата решителност. Иако денес физички сме разделени, нашиот дух останува нескршлив. Секој успех на Македонија, секој ваш успех, секоја ваша победа, јас ја чувствувам како своја. И знам дека вие, храбриот македонски народ, и понатаму ја чувате искрата на надежта за подобро утре, стои во објавата на екс-премиерот, Никола Груевски
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.