HomeАктуелноНиколоски од Охрид: Со конструкции длабоки до 28 метри се стабилизира автопатот кај Ботун

Николоски од Охрид: Со конструкции длабоки до 28 метри се стабилизира автопатот кај Ботун

Со одлична динамика се одвиваат градежните активности на најсложениот дел од автопатот Охрид-Кичево, кај Ботун, каде со специјално техничко решение се стабилизира нестабилното земјиште.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски посочи дека специфичните услови на теренот, односно комбинацијата на црна графитна земја со огромно количество вода, досега претставувале сериозен предизвик за изградбата. По ангажирањето на домашни и странски експерти, како што вели Николоски, е пронајдено соодветно инженерско решение.

„Стабилизацијата ќе се изведува со една специјална техника, со пет машини, од кои секоја тежи по 130 тона. Секоја од овие машини влегува во земјата на длабочина од 20 до 28 метри, по што се спуштаат арматурни кафези, од кои секој тежи по 30 тона железо, а потоа се полеваат со бетон“, изјави Николоски.

Вкупно 250 вакви конструкции ќе бидат изведени долж автопатот Охрид-Кичево. Од нив, 163 се предвидени на делницата кај Ботун, додека останатите ќе бидат поставени на други критични точки од трасата, вклучително и кај Кнежино, во близина на Кичево.

„Ова е убедливо инженерски најтешкиот дел и ова е делот којшто претставува новина не само во Македонија, туку и во целиот регион“, нагласи министерот Николоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.