HomeАктуелноНовата година за пожарникарите почна со спасувачка акција – Горела куќа во која живеела неподвижна жена

Новата година за пожарникарите почна со спасувачка акција – Горела куќа во која живеела неподвижна жена

Куќа на два ката во селото Миравци ја зафати пожар синоќа по полноќ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во куќата живеела неподвижна стара жена, а пожарникарите од Гевгелија интервенирале од 00:14 до 2:10 часот по полноќ.

Центарот за управување со кризи јавува дека на терен излегле 2 противпожарни возила и 7 пожарникари.

Запалената стара куќа на два ката се наоѓа на улицата Маршал Тито во селото Миравци.  Првиот кат од куќата бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижната стара жена.

Жената била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатамошно медицинско згрижување.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.