HomeАктуелноНова политичка пресметка: СДСМ со обвинувања за мрежа околу енергетскиот сектор, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа

Нова политичка пресметка: СДСМ со обвинувања за мрежа околу енергетскиот сектор, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа

Бизнис врски, офшор компании и трговијата со електрична енергија во Македонија – опозициската СДСМ денеска обвини дека околу енергетскиот сектор се формира мрежа поврзана со премиерот Христијан Мицкоски и лица блиски до него.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според тврдењата на партијата, приказната започнува со српскиот бизнисмен Душан Адамовиќ, кого Владата го именувала за почесен конзул во Србија. Оттаму, велат од СДСМ, трагата води кон офшор компанијата „Алтариа Рисрч“ со седиште на Кипар, која се поврзува со српската енергетска групација „Руднап“, во сопственост на бизнисменот Војин Лазаревиќ.

Од опозицијата тврдат дека оваа компанија има релации и со министерката за енергетика Сања Божиновска. Во меѓувреме, додаваат тие, лица блиски до власта се поставуваат на значајни позиции во енергетскиот сектор во државата.

Како пример го посочуваат РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија во Македонија, каде за директор е назначен Иван Куковски, за кого од СДСМ велат дека е близок до власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека веќе ѝ објасниле на СДСМ кој е Душан Адамовиќ.

„Предлогот Душан Адамовиќ да биде почесен конзул потекнува од амбасадорот на Македонија во Белград, кој е именуван уште во времето на владата на СДС и ДУИ. Нема вистина во она што СДС деновиве го пласира за наводни бизнис врски. Повторно го прават истото – немајќи идеи како да се зајакнат на политичката сцена, наместо да исчезнат од неа како што е случај сега, тие измислуваат приказни“, соопштија од владејачката партија.

И во изминатите денови именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во Србија, како и наводите за поврзаност со бизниси со електрична енергија поврзани со Владата, беа тема на меѓусебни политички обвинувања.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.