HomeАктуелноНова сообраќајна несреќа на македонските патишта, едно лице го загуби својот живот

Нова сообраќајна несреќа на македонските патишта, едно лице го загуби својот живот

На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.