Едно лица загина во сообраќјна несреќа што се случила во близина на Дојран. Според информациите од полицијата, до несреќата дошло кога возачот не застанал на полициски знак, туку ја засилил брзината и излетал во провалија.
Во возилото имало 11 лица, мигранти од Сирија. Од нив еден починал на лице место, а друг бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.
На 12.01.2024 околу 20 часот во близина на Дојран, патничко моторно возило „крајслер“, излетало во провалија, откако претходно не застанало на дадена наредба за запирање од страна на полициски службеници на раскрсница Смоквица и на влез во Валандово, туку продолжило со движење зголемувајќи ја брзината.
При извршениот увид е констатирано дека во возилото се превезувале 11 лица, мигранти од Сирија, од кои едно лице починало на местото на настанот, едно лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.
Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Валандово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
