HomeАктуелноНова трагедија во Македонија, усмртен пешак

Нова трагедија во Македонија, усмртен пешак

Пешак вчеравечер бил усмртен магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за с.Колибари, кичевско.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од МВР информираат дека автомобил „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско синоќа околу 23:15 часот удрил во пешак И.А.(66) од с.Колибари.

Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, велат од полицијата.

Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.