HomeАктуелноНОВИ ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ ВО ОХРИД – 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ НА ДЕВОЈКАТА ВО ОХРИД: Обвинет за три кривични дела, судењето закажано за 27 ноември

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ ВО ОХРИД – 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ НА ДЕВОЈКАТА ВО ОХРИД: Обвинет за три кривични дела, судењето закажано за 27 ноември

Основниот суд во Охрид му определи 30-дневен притвор на Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Одлуката за притвор следува откако Основното јавно обвинителство Охрид го прошири случајот и против него поднесе обвинение за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Според обвинението, при вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил оштетената, физички ја нападнал, ѝ нанел телесни повреди и ја загрозил нејзината сигурност.

Случајот се случи на 15 ноември околу 2 часот по полноќ. Според информациите од МВР, по расправија која започнала во домот на обвинетиот и продолжила во автомобил, тој физички ја нападнал девојката.

Откако го запрел возилото, нападот продолжил, при што девојката изгубила свест и паднала. Таа била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде што биле констатирани тешки телесни повреди.

Во текот на постапката, јавниот обвинител ја испитал оштетената во присуство на претставници од социјалните служби, а било извршено и вештачење за видот и карактерот на повредите.

ЗОШТО ПРВО БЕА МЕРКИ, А ПОТОА ПРИТВОР?

Случајот предизвика реакции во јавноста поради тоа што првично на обвинетиот му беа определени мерки на претпазливост, а потоа беше побаран и определен притвор.

Од Обвинителството објаснија дека првичната кривична пријава на МВР се однесувала на едно кривично дело, додека во текот на постапката биле обезбедени дополнителни материјални докази и биле утврдени нови околности.

По дополнувањето на доказите, обвинението било проширено на три кривични дела, а судот потоа определил 30-дневен притвор.

Од Бирото за јавна безбедност денеска посочија дека полицијата продолжила со обезбедување материјални докази и дека токму новите околности и дополнителните докази придонеле за промената на мерката.

СУДЕЊЕТО ЌЕ ПОЧНЕ НА 27 НОЕМВРИ

Во меѓувреме, Основниот суд во Охрид го закажал и првото судско рочиште за 27 ноември 2026 година.

Сара по хоспитализацијата во „Св. Еразмо“ е пуштена на домашно лекување, а според денешните информации лекувањето треба да го продолжи на скопските клиники.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за институционалното постапување во случаи на насилство врз жени, како и за потребата од навремена и целосна заштита на жртвите.

Постапката продолжува, а за обвинетиот важи презумпцијата на невиност сè до правосилна судска одлука.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.