HomeАктуелноНови директни летови од Охрид: Братислава и Милано

Нови директни летови од Охрид: Братислава и Милано

Од 17 март, граѓаните можат директно да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март се воведува уште една линија директно до Милано Малпенза (Италија).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Овие нови авиолинии носат повеќе туристи во Охрид и нови можности за зајакнување на локалната економија. Развојот на авиосообраќајот е еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, се работи на континуирано унапредување на цивилниот авиосообраќај и значително проширување на мрежата на дестинации, изјави министерот за транспорт, Александар Николоски.

Министерот посочи дека ќе продолжи да се работи на развојот на авиосообраќајот за поврзување на Македонија со големите европски центри.

Преку Wizz Air, покрај Милано, годинава од аеродромот Свети Апостол Павле Охрид ќе има и директни летови до Вроцлав (Полска), а се враќа и рутата до Катовице (Полска).

Летовите до сите три дестинации ќе се реализираат два пати неделно: до Милано Малпенза од 27 март, до Вроцлав од 7 јуни, а до Катовице од 8 јуни.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.