HomeАктуелноНОВОГОДИШНИТЕ БЕБИЊА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

НОВОГОДИШНИТЕ БЕБИЊА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

НОВОГОДИШНИТЕ БЕБИЊА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Новогодишните празници се период кога сите се понесени од магијата на подароците, а нашите пациентки од Одделот за гинекологија и акушерство на првиот ден од новата 2024 година ги добија најубавите подароци. Својата радост не ја криеше Ивана Димитриевска, која со солзи радосници го дочека својот новогодишен подарок, и тоа лично врачен од Дедо Мраз.

Преслаткиот Тодор е трета среќа во семејството Димитриевски. Им честитаме на семејствата кои во новата година зачекорија со нови членови и упатуваме огромна благодарност до целиот персонал на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој неуморно и посветено се грижеше за здравјето на пациентите за време на новогодишната ноќ. Со задоволство ги споделуваме фотографиите од нашите новогодишни бебиња и атмосферата од одделот на кој се доживуваат најубавите моменти, велат од болницата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.