Едни од најпопуларните музички ѕвезди во Македонија, Кристијан Тасевски и неговиот бенд „Артист“ деновиве на повеќето дигитални платформи го презентираат новиот видео записи со едни од најпознатите музички нумери.
Овој пат популарниот бенд „Артист“ за својата публика подготви cover видеозапис на едни од најпознатите музики нумери „U Mom Zagrljaju“ на Оливер Драгојевич и „Tebe cuvam za kraj“ на Здравко Чолиќ.
Миксовите може да ги слушнете во продолжение.
Уживајте во новиот видео запис на овој бенд, кој го сочинуваат пет млади музичари кои своите музички квалитети ги спојуваат под слоганот – ‘We play music, we make art’.
фото: artistband_official
новинар: Е.Ристеска
