Висока температура, слабеење на сетилото за мирис и вкус, покачено ЦРП и пневмонија се симптоми на новиот сој на коронавирус што ја зафати соседна Србија.
Тамошните лекари апелираат на внимателност бидејќи постојните тестови на коронавирусот се несигурни, а чекалниците пред ординациите се преполни, пренесуваат српските медиуми.
Веќе 15 дена се бориме со короната, која повторно се разгоре“. Граѓаните го носат вирусот од Грција, Црна Гора и од други земји, каде што биле на одмор. Помладите имаат висока температура до 40, која трае неколку дена, а повозрасните и лицата со коморбидитети се на ризик од потешки компликации, вели Драган Миљковиќ, специјалист по општа медицина.
Инаку, новата варијанта на коронавирусот наречена пирола, е регистрирана пред две недели во Америка, Велика Британија, Данска и во Израел.
