HomeАктуелноНов скандал го тресе македонското здравство – Медицинарите од Драчево казнети оти гласно го слушале Ефто Пупиноски

Нов скандал го тресе македонското здравство – Медицинарите од Драчево казнети оти гласно го слушале Ефто Пупиноски

Снимка со медицинарите во Здравствениот дом во Драчево се појави на социјалните мрежи откога беа фатени дека слушаат гласна музика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
На видеото можело да се забележи дека во ходниците ечи песна од македонскиот пејач Ефто Пупиноски.

Новиот директор на Здравствениот дом – Скопје, Вулнет Селими, најави санкции поради пуштање прегласна музика во поликлиниката во Драчево.

По објавувањето видеоснимка од внатрешноста на поликлиниката во Драчево, на која се слушаа песни на исклучително висок тон, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку часа ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток оправдувајќи ја по повод пензионирањето вработен во поликлиниката, напиша Селими на „Фејсбук“, а што и според него е над нормалното.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.