HomeАктуелно„Ноќ спроти Илинден“ вечерва пред спомен обележјето на Илинденци во Велгошти

„Ноќ спроти Илинден“ вечерва пред спомен обележјето на Илинденци во Велгошти

Вечерва продолжува програмата за одбележување на 2-ри Август по повод јубилејот 120 години од Илинденското востание во организација на Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со почеток во 20 часот во рамки на „Ноќ спроти Илинден“ пред спомен обележјето не Илинденци во село Велгошти ќе биде положено свежо цвеќе, а историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење ќе одржи м-р Михаил Патчев. Во рамки на настанот предвидена е и културно-уметничка програма.

Чествувањата продолжуваат и во текот на утрешниот ден кога ќе биде положено цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците и тоа од 10 часот во градскиот парк, од 10:20 часот кај Прентов мост и од 10:30 часот во селото Плаќе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.