HomeАктуелноОбилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, оштетена и главната улица

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, оштетена и главната улица

Поплавени се десетина подруми од куќи на подрачјето на Кавадарци од синоќешните обилни и силни врнежи дожд, а средишниот дел од главната улица „7 Септември“ на која се уште се работело, е оштетена, соопшти ЦУК.     Според РЦУК Велес, ангажирани се три екипи за да ги пополнат дупките на улицата кои не биле затворени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во нив имало и едно пропаднато возило кое е извлечено со пајак. На терен се интервенирало со три возила од општина Кавадарци кои биле во контрола на состојбата на улиците. За испумпување на водата од поплавените подруми, на терен биле екипи од Пожарната служба на Кавадарци со две пумпи, како и екипа од „Комуналец“ исто така со две пумпи.

(ФОТО+ВИДЕО) : Кавадарци зафатено од силно невреме, екипите на терен – Еве каде да се јават граѓаните ако имаат проблем

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.