HomeАктуелноОблачно, магла и дожд

Облачно, магла и дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде  променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Утре и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат повремено пороен карактер. Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во северните и североисточните делови врнежите ќе бидат повремено од снег.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.