Пензионерите го добија најавеното покачување – најниските пензии се зголемија за 10 евра, највисоките за 65 евра.
Почна исплатата на мартовските пензии, кои се покачени за 5,3%. Најголемиот дел, 40% од пензионерите кои месечно добиваа од 12,5 до 16 илјади денари добија од 660 до 850 денари плус на сметките. Оние пак, во највисоката група, кои земаа над 54 илјади денари пензија, добија покачување од речиси 3,000 денари.
Во државата, од вкупно 337 илјади има и 19 пензионери, чии примања наминуваат 76 илјади денари . Нивните пензии ќе се зголемат за 4,000 денари. Со ваквото покачување, најголем дел од пензионерите не се задоволни. Пензијата не им стига ни за храна, ни за лекови.
За да се надмине јазот меѓу највисоките и најниските пензии, пензионерите бараат да се врати линеарното зголемување, односно сите пензии да се зголемат за иста сума.
