Денешната главна расправа за случајот со пожарот во модуларната ковид болница во Тетово се одложи бидејќи во судницата во Судот во Тетово не пристигна еден од обвинетите Артан Етеми. Неговата одбрана извести дека обвинетиот е во тешка здравствена и психичка состојба бидејќи починала неговата мајка.
Новото рочиште судот го презакажа за 31 јануари во 10 часот.
Пред почетокот на денешното рочиште група граѓани и овојпат протестираа пред судската зграда и бараа ослободување од вина на д-р Бобан Вучевски и правда за случајот, зошто како што рекоа, вистинските виновници за пожарот не се во судницата и против нив нема покренато обвинение.
Со аплаузи беше поздравено влегувањето на д-р Вучевски во судот во Тетово.
Инаку во пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година животите ги загубија 14 луѓе.
