HomeАктуелноОдложени два лета од скопскиот аеродром

Одложени два лета од скопскиот аеродром

Авиолинијата Скопје – Истанбул утрово ќе се реализира со задоцнување. Според веб страницата на ТАВ Македонија, авионот на „Пегазус“ што требаше да слета во Скопје во 9.55 часот, е одложен за 12.05, а пролонгирано е и неговото враќање за Истанбул од 10.50 во 13.00 часот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За еден час е одложен и летот Истанбул – Скопје – Истанбул на друга компанија. Првично планиран за 11.25, авионот во Скопје треба да слета во 12.25, а наместо во 12.45, се очекува да се врати во Истанбул во 13.45.

Не е наведено дали причина за одложувањето е маглата во Скопје. Други измени на редот на летање, според веб страницата на ТАВ Македoнија, засега нема.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.