HomeАктуелноОдложено судењето за знамето на адвотакот Менкиноски

Одложено судењето за знамето на адвотакот Менкиноски

Повторно одложено судењето кое требаше да започне во Основниот Суд во Охрид против адвокатот Тони Менкиноски овој пат поради тоа што судијата кој го води овој процес е на боледување.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

И денеска со развиорени знамиња, група граѓани од Охрид, беа пред судот да му дадат поддршка на Менкиноски и како што велат застануваат зад  македонските национални и државни интереси. 

Со оглед на тоа дека во судницата повторно не се појавија   претставници од МВР поднесителите на актот, Менкиноски подвлече дека требаше да се донесе ослободителна пресуда.

Судското рочиште против адвокатот Тони Менкиноски кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на празникот Водици, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално државно знаме е одложено на неодредено време.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.