HomeАктуелноОд двор му го украле автомобилот во кој имало риболовна опрема, уапсени двајца крадци од Кавадарци

Од двор му го украле автомобилот во кој имало риболовна опрема, уапсени двајца крадци од Кавадарци

МВР информира дека вчера полициски службеници од Полициската канцеларија Градско ги лишиле од слобода Х.В.(33) и Е.В (27), двајцата од Кавадарци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 29 и 30.08.2022 од дворот на Г.М.(66) од Кавадарци го одзеле неговото патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое имало и риболовна опрема. Одземените предмети и возилото биле пронајдени и вратени на сопственикот, известуваат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.