HomeАктуелноОд денес во Скопје хуманитарна акција за настраданите семејства од пожарите

Од денес во Скопје хуманитарна акција за настраданите семејства од пожарите

Во Скопје денеска ќе се отвори хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите во Свети Николско и Источна Македонија. Пунктот ќе биде лоциран до „Ист Гејт Мол“, до комуналното претпријатие и супермаркетот „Еконас“ во канцелариите на КСОМ веднаш до пешачкиот премин.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Волонтерите на пунктот ќе работат од 16 до 20 часот, а материјалните добра кои се најпотребни се конзервирана храна, душеци , ќебиња, чаршафи, перници и сочувана исперена облека и сортирана на принцип – машка или женска и величина и возраст. Потоа, потребни се машки или женски патики од сите броеви, дезинфицирани во ќеса.

Контакт телефон за Скопје е 070/601-068 од 9 до 21 часот, доколку заинтересираните сакаат да донираат во Скопје, но немаат превоз да донесат донација.

Сите пак кои сакаат да волонтираат или да помогнете со локален транспорт или превземање на донациите, можат да контактираат на официјалниот број или на Вибер од 9 до 21 часот.

Акцијата е во координација на коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија и Интернационална Полициска Организација.

Линк

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.