Од Националниот парк „Галичица“ апелираат до сите посетители да бидат внимателни со камперскиот оган, особено во летниот период, кога температурите се високи и постои опасност од избивање пожар на отворен простор.
– Во летниот период особено е значајно да бидеме внимателни со палењето оган во природа, за да не дојде до несакани пожари кои негативно би се одразиле врз природата. Да ја чуваме природата и да ги следиме правилата за однесување во природа, потенцираат од НП „Галичица“.
Како потврда на апелот е и вчерашниот пожар кој избувна над селото Љубаништа. Истиот беше спречен со заедничка акција на локалното население и територијалната противпожарна единица од Охрид (ТППЕ) кои интервенираа со две возила и шест пожарникари.
