Од УХМР известуваат за НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 12 часа, до 20 часот. 64 Струмица, 48 Битола, 31 Виница 25 Гевгелија, 12 Кр.Паланка, Штип, Берово, 9 Прилеп, Пожаране 5 Пожар, 2 Ѓуриште, Тополчани, 1 Попова Шапка, Претор, Крушево, Тетово.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Северозападниот дел од земјава е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Оваа маса се наоѓа западно од Скопската Котлина и се приближува кон западниот дел на градот, но поинтензивно јадро се наоѓа југозападно од градското подрачје.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА:
Во првата половина од ноќта ќе се задржи променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Во втората половина од ноќта атмосферата ќе се стабилизира.
