Со денешниот последен училиштен ден пред паузата, околу 250 илјади ученици од основните и средните училишта заминуваат на заслужен зимски распуст. Веќе од утре училниците замолкнуваат, а 20 јануари 2026 година е датумот кога учениците ќе се вратат на настава и ќе го започнат второто полугодие.
Во вториот дел од учебната година продолжуваат реформите во образованието – оптимизацијата на училишната мрежа и ширењето на едносменската настава, во која досега се вклучени околу 200 училишта.
Матурантите оваа година ќе полагаат државна матура по нов концепт, усогласен со видот на образованието што го посетуваат, а наставниците во март треба да добијат зголемување на платите од 7,5 до 10 проценти.
Зимскиот распуст носи одмор за учениците – а образовниот систем веќе се подготвува за динамично продолжение од јануари.
