HomeАктуелноТешка сообраќајна несреќа кај Св. Јован Бигорски: Има загинати, патот Маврово–Дебар затворен

Тешка сообраќајна несреќа кај Св. Јован Бигорски: Има загинати, патот Маврово–Дебар затворен

Во несреќата во која попладнево автомобил со голема брзина излета од патот кај манастирот „Свети Јован Бигорски“ има загинати луѓе, а автомогилот се извлекува и поради тоа патот е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово-Дебар е во прекин, поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната несреќа со загинати луѓе од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски“, се вели во соопштението од АМСМ.

Несреќата е пријавена нешто пред 16 часот, кога на местото веднаш се упатени полицајци од Ростуше, командирот на полициската станица, како и екипа од Територијалната противпожарна единица Гостивар со две возила и четворица пожарникари. Истовремено, интервенирала и екипа на Итната медицинска помош од Ростуше, соопшти претходно Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Засега нема официјални информации од МВР за несреќата и за жртвите.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.