HomeАктуелноОпасност од излевање на реките – Апел за внимателност

Опасност од излевање на реките – Апел за внимателност

Од УХМР информираат дека во текот на ноќта и утрово се очекува зголемување на водостојот на река Вардар во средниот дел од течението, како и на реката Треска и предупредуваат на внимателно движење покрај реките.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од УХМР велат дека и натаму има опасност од излевање на овие две реки. Во западните делови водостоите на реките се во опаѓање, и се очекува тој тренд да продолжи. Во источниот дел од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот имаше во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица.

Од вчера попладне поплавени се повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај.

Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.

„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација“, рече тој.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.