На 18.03.2023 во 14.15 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило во движење, „опел астра” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(57) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.
