HomeАктуелноОПШТИНА ОХРИД ДОБИ ПРЕСТИЖНА НАГРАДА НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО НОВИ САД

ОПШТИНА ОХРИД ДОБИ ПРЕСТИЖНА НАГРАДА НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО НОВИ САД

Општина Охрид доби престижна награда на 56-тиот Меѓународен саем за туризам кој од денес до сабота се одржува во Нови Сад, Србија. Наградата се доделува за перспективна и јасна визија за развојот на градот Охрид како актрактивна туристичка понуда. Ова признание претставува значајна потврда за континуираните напори на општината во унапредувањето и промовирањето на туристичките потенцијали на градот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На промотивниот штанд на Општина Охрид, посетителите имаат можност да дознаат повеќе информации за туристичките знаменитости на градот, сместувачките капацитети, туристичките настани, руралниот туризам и автентичната гастрономска понуда.

На Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, учествуваат повеќе од 250 излагачи од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија. Оваа година, Република Македонија е земја-партнер на настанот.

На саемот се претставуваат туристички агенции, институции, туроператори, национални паркови, хотели, винарии, мали производители на храна и бројни други субјекти.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.