HomeАктуелноОхридската библиотека започнува со летно работно време!

Охридската библиотека започнува со летно работно време!

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги. Читалната во одделот за издавање и читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работат од 9:30 до 14.00 часот, велат од Библиотеката.

Читалните, посочуваат, ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид, потенцираат.

Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.