HomeАктуелноОхридската полиција со полни раце работа – Билтен на СВР Охрид

Охридската полиција со полни раце работа – Билтен на СВР Охрид

На 24.05.2024 година во 00.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.М.(51) од Охрид. Тој се сомничи дека на улицата „7 ноември” во Охрид, бил агресивен и му се заканувал на С.Н.(62) од Охрид со што, ја загрозил неговата сигурност.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

На 24.05.2024 година во 01.15 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, Д.М. го физички го нападнал Х.З.(40), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.05.2024 година околу 03 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, М.К. од Охрид бил агресивен кон неговото семејство по што, оштетил дел од куќниот инвентар. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.05.2024 година во 10.10 часот во СВР Охрид, М.К. од Охрид пријави дека од семејниот дом, се оддалечила неговата сопруга. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање и целосно расветлување на настанот.

На 24.05.2024 година во 06.35 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, лишен од слобода е К.Р.Х. (34) од Австралија кој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „Тешка кражба” извршена во угостителски објект во Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.05.2024 година во 11.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во Општата болница во Охрид, било донесено 11 годишно момче од Скопје, со болки во стомакот и градите кај кого, по преземени мерки биле констатирани скршеници на ребра и други повреди. По извршени активности, било констатирано дека, малолетникот се лизнал и паднал од справи за вежбање.

извор: СВР Охрид

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.