Снегот не не’ изненади, велат од Охридски комуналец.
Веднаш беше активиран дежурниот оперативен тим за справување со првиот снежен бран.
Ангажирана беше целокупната расположива механизација и дежурните екипи кои го расчистуваа снегот од јавните пешачки површини и тротоари, по коловозите се интервенираше со специјална механизација за чистење на снежната покривка и се нанесуваа абразивни средства.
Интервенирано е во У.З.Стар Град, потоа до селата кои гравитираат до повисоки места , како Велестово, Коњско, Елшани, пофреквентни пешачки површини како чаршијата, кејот, патеката од канал Студенчишта до Горица и др, информираат од Јавното претпријатие.

Остануваме во мобилна состојба во текот на ноќта во зависност од временските услови, додаваат од ЈП Охридски комуналец.
Подготви: Елена Ристеска
