Охридското Езеро е рангирано на првото место на листата на најубави места во Европа, според изборот на туристичките новинари на магазинот „Time Out“.
Во образложението се наведува дека станува збор за едно од најстарите езера во Европа, со уникатна природна убавина, историско наследство и автентична атмосфера, што го прави „скриен бисер“ меѓу европските туристички дестинации.
На листата се најдоа и други познати локации како Сатурнија во Италија, Џајантс Козвеј во Северна Ирска и норвешките фјордови, но токму Охрид го зазеде првото место.
