HomeАктуелноОхридското Езеро за девет сантиметри под просекот за септември

Охридското Езеро за девет сантиметри под просекот за септември

Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.25 м.н.в што е за девет сантиметри под просекот за септември (693.34 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според податоците од УХМР нивото на езерото е 15 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 8 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).

Неделната анализа покажува благо опаѓање на водостојот од првиот ден кога бил на кота од 693.28 м.н.в до денешното ниво.

За температурата на водата и во неделната анализа и во денешните информации нема податоци, додека просекот за септември е 20 степени.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.