HomeАктуелноОхридското Езеро ќе се пориби со 1,6 милиони единки охридска пастрмка

Охридското Езеро ќе се пориби со 1,6 милиони единки охридска пастрмка

Годинава се планира порибување на Охридското Езеро со околу 1,6 милиони единки охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе од минатата година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Информацијата била презентирана за време на посетата на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставниците на Државниот инспекторат за земјоделство, Мирко Укоски и Арбнор Арифи, на Хидробиолошкиот завод во Охрид, каде одблиску се запознале со процесот на вештачко размножување на охридската пастрмка и подготовките за порибување на езерото со подмладок.

По шестгодишниот прекин за време на претходната власт, со кој сериозно беше доведен во прашање континуитетот на овој важен процес, Владата минатата година повторно го воспостави процесот на вештачко размножување и порибување на Охридското Езеро со пастрмка. Оваа година продолжуваме со уште поголем капацитет. Охридската пастрмка е едно од најголемите богатства на нашето езеро и нејзината заштита е наша заедничка одговорност, вели Хоџа.

На претставниците на институциите, како што информираат од Министерството, од страна на Душица Илиќ Боева од Хидробиолошкиот завод им биле презентирани сите фази од процесот, од икрата и инкубацијата, до одгледувањето и подготовката на подмладокот за порибување на Охридското Езеро.

Од Министерството посочуваат дека ќе продолжат со активностите и институционалната поддршка за заштита, размножување и зачувување на охридската пастрмка, како автохтон вид и едно од најзначајните природни богатства на Охридското Езеро.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.