HomeАктуелноОхрид вечерва живее за ракометот – ГРК Охрид и Пелистер во дерби за уживање

Охрид вечерва живее за ракометот – ГРК Охрид и Пелистер во дерби за уживање

Нова сезона, а веднаш – спектакл во Охрид. Новата сезона во ракометната Суперлига не можеше да има поатрактивен старт за охриѓани, бидејќи вечерва од 19 часот во салата „Билјанини Извори“ се среќаваат ГРК Охрид и Пелистер, две екипи со големи амбиции и јасна желба да се борат за самиот врв.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Охрид вечерва повторно ќе биде во центарот на македонската ракометна јавност. „Билјанини Извори“ се очекува да биде исполнета до последното место, а охриѓани имаат голема причина да бидат дел од овој ракометен спектакл. „Гладијаторите“ пред својата публика ќе ја отворат сезоната со еден од најтешките можни противници, но и со огромна мотивација да покажат дека и оваа сезона ќе бидат сериозен фактор во македонскиот ракомет.

На клупата на Охрид повторно е Борис Ројевиќ, стратегот кој неодамна го продолжи договорот со „Гладијаторите“ и кој со тимот има големи планови. Охрид во новата сезона влегува со шампионски амбиции, со силен состав и со огромна поддршка од трибините.

Од другата страна е Пелистер, предводен од легендарниот Лино Червар, за кого ова ќе биде деби како стратег на битолскиот клуб на домашната сцена. И токму дуелот меѓу Ројевиќ и Червар е уште една причина зошто вечерва сите погледи ќе бидат вперени кон Охрид.

Ако се суди според имињата, квалитетот и амбициите на двете екипи, вечерва во „Билјанини Извори“ нè очекува вистинско ракометно уживање. Брз ракомет, силни дуели, голмански интервенции, неизвесност и атмосфера каква што само охридската публика знае да направи.

Алкалоид и Вардар веќе стартуваа со победи, а вечерва останува да видиме кој ќе излезе како победник од големото дерби во Охрид.

Едно е сигурно – неделата е резервирана за ракомет, а срцето на македонскиот ракомет вечерва ќе чука во „Билјанини Извори“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.