Утре во 18:00 часот, во салата СРЦ Билјанини извори, ГРК Охрид го пречекува РК Вардар 1961 во натпревар со огромно значење!
Охрид живее за ракомет, а утре трибините треба да грмат! Навивачката група Рибари и сите охриѓани повторно се повикани да бидат ветер во грб на тимот и да ја наполнат „Билјанини“ до последно место.
Продажбата на билети продолжува на билетарата при салата, а истата ќе работи и пред почетокот на натпреварот.
