HomeАктуелноОхрид дише со џез – фестивалот донесе емоции и незаборавни концерти

Охрид дише со џез – фестивалот донесе емоции и незаборавни концерти

Со етно-џез концерт на „Чалгија Саунд Систем“, во предворјето на црквата „Света Софија“ започна третото издание на „Охрид Џез Фестивал“, кој се организира под покровителство на Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На свеченото отворање пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, кој истакна дека „вечерва Охрид дише поинаку – со срцето на музиката, со душата на џезот и со трепетот на очекувањето“. Тој потсети дека џезот не е само звук, туку емоција и слобода, музика на душата и универзален јазик што ги обединува луѓето.

Фестивалот, кој ќе трае од 22 до 24 август, нуди настапи на врвни уметници кои не само што свират, туку и живеат преку музиката. „Нека оваа музика зборува таму каде што зборовите молчат и нека ги обедини Охрид и Македонија во една заедничка симфонија на духот“, порача Божиновски прогласувајќи го фестивалот за отворен.

Втората вечер донесе вистинско музичко патување со џез евергрини, кои на публиката ѝ ги подари врвниот македонски баритон Павле Камилоски. Настапот во „Св. Софија“ потврди дека фестивалот се издигнува на повисоко ниво и дека Охрид полека, но сигурно, го добива приматот – центар на џез музиката во месец август.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.