HomeАктуелноОхрид подготвен за Водици: Исчистено пристаништето за големата верска манифестација

Охрид подготвен за Водици: Исчистено пристаништето за големата верска манифестација

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици денес екипи на јавните претпријатија работеа на терен за целосно чистење на пристаништето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Спустот во езерските води, од каде што традиционално влегуваат капачите, е исчистен од наноси на камења, песок и отпад. Целта е да се обезбеди безбеден и непречен пристап за сите оние кои годинава ќе бидат дел од празничната манифестација и ќе се обидат да го фатат светиот крст, информира Градоначалникот на Оптина Охрид Кирил Пецаков.

Според претходните најави до 17 јануари централното градско подрачје и крајбрежјето треба да блеснат во празничен декор, а за чистотата на езерското дно ќе се погрижат нуркачите од двата охридски нуркачки клубови, „Амфора“ и „Охрид“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.