Алармантно високо е нивото на загаденост на воздухот вечерва во Охрид. Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат високо ниво на опасните ПМ 10 честички во повеќе градови меѓу кои е и Охрид каде во 20 часот се измерени 399.824 микрограми на метар кубен.
Најголемо ниво на загадување вечерва е регистрирано и во Кавадарци 232.488 микрограми на метар кубен, потоа следи Кичево со 181.279 микрограми на метар кубен, Велес со 126.9 микрограми на метар кубен…
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека во тек се засилени контроли на општинските инспектори за контрола на испуштање штетни материи во животната средина.
Општина Охрид спровела инспекциски надзори во два авто сервиса од кој еден се загревал на дрва, а другиот на електрична енергија, а во двата отпадните масла се предавале на овластена фирма, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
