На 12.07.2022 во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија
од слобода К.М.(22) и А.П.(22), двајцата од Охрид.. Полициски службеници
го забележале А.П. како од патничко возило „Бмв“ со охридски регистарски
ознаки, во кое се превезувале, исфрла ќесе со кокаин. Дрогата е одземена и
по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена
соодветна пријава.
