На 10.04.2023 околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(32) од Охрид кој, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
